Connect with us

Хроника

Уапсен чувар на подземната сообраќајница во Скопје која се гради, се сомничи дека украл бакарни кабли во вредност од 200.000 евра

Од објект во изградба на подрачјето на Центар, каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра. Случајот, како што информираат од МВР е пријавен вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, по што е лишено едно лице, вработено како обезбедување во објектот.

По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(68) од Скопје, вработен како обезбедување на објектот, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4