Connect with us

Вести

Сиљановска-Давкова разговараше со претставнички на „Жените во технологијата-Македонија“: Во секоја жена лежи неисцрпна енергија и неискористено знаење

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, ги прими претставнички на Жените во технологијата – Македонија (Women in Tech-Macedonia), организација којашто е дел од глобалната иницијатива Women in Tech, a која, како што информираат, поттикнува инклузија, разновидност и еднаквост на жените во STEM професиите (наука, технологија, инженерство и математика).

На средбата, како што информираат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, тие ја информирале Претседателкат дека нивните активности се главно насочени кон едукација на невработени девојки кои сеуште делат дилема околу животниот избор на професијата. Своите цели, заедницата на Women in Tech ги постигнува преку обуки, менторства и конференции, со намера да се намали родовата нееднаквост во STEM професиите.

-Честитајќи им за специјалната награда – IMPACT Award, којашто ја добиле на глобалниот Women in Tech Summit минатата година во Осака, Јапонија, претседателката истакна дека таа е потврда за нивната меѓународна компетитивност, успешност и посветеност. Таа верува дека во секоја жена лежи неисцрпна енергија и неискористено знаење, со чија употреба може да се надминат и најсложените предизвици, се вели во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Сиљановска-Давкова, отворено ја изразила импресионираноста од умот и креативноста на соговорничките, а особено од нивната подготвеност да им помогнат на најранливите меѓу нас. Претседателката, се вели во соопштението, изрази подготвеност за поддршка на кампања на Women in Tech за вклучување на жените и девојките во науката. 

Соговорничките, се наведува во соопштението, длабоко веруваат во женската визија и мисија на вистински носителки на темелни промени кои ќе остават белег во технологијата.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1