Свет
Припадници на американската морнарица во Индиски Океан упаднаа на танкер, кој транспортирал нафта од Венецуела за Кина
Специјални сили на американската морнарица упаднаа на танкер за сурова нафта во Индиски Океан, поврзан во Венецуела, откако го следеа уште од Карибите, изјави денеска министерот за однбрана на САД, Пит Хегсет.
Тој додаде дека танкерот ја прекршил блокадата на САД за бродовите под санкции кои пловат кон или од Венецуела.
– Во текот на ноќта, американските воени сили спроведоа поморска забрана и се качија на бродот „Аквила II“ без инциденти. Тие се обидоа да избегаат, а ние ги гоневме, објави Хегсет на платформата Икс.
Откако американските сили минатиот месец го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро во воена операција во Каракас, САД ја засилија блокадата на бродови што се под санкции, а пловат кон или од Венецуела, која е членка на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).
Танкерот „Аквила II“ исплови од Венецуела на почетокот на јануари, како дел од флота бродови. Танкерот транспортирал околу 111.300 кубни метри тешка венецуелска сурова нафта наменета за Кина. Повеќето од танкерите од флотата се вратиле во Венецуела или се запленети од САД.
февруари 10, 2026

