Вести
Коментари за новите закони за високото образование може да се доставуваат и на посебни е-адреси на МОН
Новите предлози за закон за високо образование и за обезбедување квалитет во високото образование и науката се објавени на владиниот ЕНЕР-систем и се достапни за забелешки и сугестии од пошироката јавност, потсетува Министерството за образование и наука.
Исто така, коментари за подобрување на содржината на предложените законски решенија може да се доставуваат и на електронските адреси komentarizvo@mon.gov.mk за новиот закон за високото образование и komentarizkvon@mon.gov.mk за законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката.
-Грижата за образованието е заедничка општествена одговорност. Ги охрабруваме сите засегнати и заинтересирани субјекти да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрите законски решенија кои ќе бидат основа за понатамошен развој на образовниот систем и на научноистражувачката дејност во Македонија, соопшти МОН
февруари 10, 2026

