Вести
Средба на Сиљановска-Давкова со гувернерот на Народната банка, Славески
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.
Кабинетот на претседателката соопшти дека гувернерот Славески на средбата ги презентираше основните макроекономски показатели и ја запозна Сиљановска-Давкова со макроекономската политика.
Тој го објасни влијанието на глобалните геостратешки трендови врз македонската економија, објаснувајќи ги главните процеси во индустријата, трговијата и градежништвото.
Претседателката се интересираше за добрите страни на актуелната економска состојба, како и за недостатоците и ризиците.
Финалната оценка на гувернерот беше дека екомомијата е стабилна, со солиден раст, но мора да се внимава на увозната зависност и цената на храната и енергијата.
Обајцата сметаат дека стручните и компетентни човечки ресурси се особено важни за доброто функционирање на Народната банка, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
јануари 24, 2026


