Ракомет
Павле Атанасијевиќ: Освоениот бод многу ни значи
Македонскиот ракометен тим успеа да освои голем бод во дуелот со Португалија играјќи нерешено 29:29. Левото крило Павле Атанасијевиќ дуелот го заврши со четири постигнати голови.
– Имавме осцилации во текот на натпреварот но се вративме од минус пет. Верувавме дека можевме да го добиеме натпреварот, но на крај немавме среќа да победиме. Како и да е освоениот бод многу значи за нас. Ќе видиме што ќе се случи во последното коло, изјави Павле Атанасијевиќ.
Следниот натпревар македонските ракометари го играат во вторник од 18 часот против Романија.
јануари 19, 2026


