Ракомет
Драма во последните секунди во Хернинг: Серафимов ја имаше топката в раце, имавме 20 секунди за победа, и тогаш таа необјасниво му испадна
Невидена драма во Хернинг во последната минута од мечот на нашата репрезентација со Португалија.
Португалија го имаше последниот напад при резултат 29:29. Нам ни треба победа, а резултатот е нерешен и топката е во рацтете на противникот. Португалците шутираа од левата страна, Томовски одбрани, но топката повторно дојде во рацете на Португалците. Немавме среќа. Има уште половина минута, а босанските судии толерираат долги напад на Португалија.
Следи нов напад, ние добро покриваме и се браниме, на дваесетина секунди пред крајот Португалците шутитраат, овој пат малку од десната страна, Томовски брани, топката доаѓа во рацете на Серафимов и се чини имаме зрак надеж за победа. Дваесет секунди и доволно време за еден брз напад во таа трка по теренот, за шут и евентуален гол, ако успееме тоа да го изведеме без да ни биде направен фаул. Со тоа и да добиеме победа, која извесно не носи понатаму.
И тогаш, необјасниво, тоа е дел од секундата, топката отскокнува од рацете на Серафимов и завршува зад теренската линија. Португалците имаат нов напад, ја држат топката до крајот и судиите означуваат финиш на мечот. Средбата завршува нерешено 29:29.
Последната средба од групната фаза ја играме на 20. јануари, противник ни е Романија.
јануари 19, 2026


