Connect with us

Ракомет

Дамјан Митев: Не треба многу да се зборува за Данска, сите ги знаеме нивните квалитети

Најмладиот ракометар на македонската репрезентација Дамјан Митев најави максимална борбеност на утрешниот натпревар со Данска, иако противникот е апсолутен фаворит. 

– Данска е Данска, не треба многу да се зборува за нив. Одлично е чувството кога треба да играш против оние кои до вчера ти биле идоли. Кога се игра за репрезентацијата и кога се претставува државата, посебно на Европско првенство, тоа е чест и задоволство. Одиме на максимум и со Португалија и Романија, изјави помладиот од браќата Митеви.

Својот прв настап избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го имаат утревечер (20:30 часот) против кодомаќинот Данска. Во Б-групата се и селекциите на Португалија и Романија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Хернинг. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 5