Connect with us

Ракомет

Победа на последната контрола за македонските ракометари

Македонската ракометна репрезентација оствари победа на последниот контролен дуел во пресрет на Европското првенство што почнува на 15 јануари, а се игра во Данска, Шведска и Норвешка. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров го совладаа данскиот прволигаш Митјиланд со 36:27 (14:13).

Ова беше последната контрола, а на претходно македонските ракометари имаа пораз од Хрватска, победи против Бахреин и Украина и нерешен резултат против Швајцарија.

Во првиот дуел од Европското првенство македонските ракометари во петок од 20:30 часот играат против првиот фаворит на шампионатот и еден од домаќините селекцијата на Данска.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1