Connect with us

Хроника

Велешката полиција фати двајца крадци кои украле паричници од вработени во здравствена установа

Полициски службеници од СВР Велес вчера попладне во 14:15 часот ги лишиле од слобода 36 годишиот  Д.А. и 40 годишниот Ѓ.Д. двајцата од Велес. Како што денеска информираат од СВР Велес, тие се сомничат дека од просторијата која ја користат вработени во здравствена установа во Велес, одземале паричници во кои имало пари, платежни картички и лични документи, сопственост на 53-годишната С.Д.Н. и 34-годишната П.Т., двете од Велес. Со платежните картички се обиделе да извадат парични средства од банкомати, а Д.А. во продажно место извршил неколку трансакции.

Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопственичките. Д.А. и Ѓ.Д. биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3