Ракомет
Кузмановски МВП на „Жолтиот куп“
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски е прогласен за најкорисен играч (МВП) на „Yellow Cup“ во Швајцарија.
Кузмановски ја предводеше нашата репрезентација до второто место на турнирот.
Македонските ракометари вечерва одиграа нерешено 29:29 со домаќинот Швајцарија и со две победи и едно реми го завршија натпреварувањето.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе утре заминуваат во Данска, земја кодомаќин на Европското првенство 2026 кое ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари“.
јануари 11, 2026


