Хроника
Лишени од слобода четворица кавадарчани, полицијата ги сомничи дека одзеле ламинат од фирма
Лишени од слобода се четворица кавадарчани, полицијата ги сомничи дека одзеле ламинат од фирма, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера во времето од 16 до 19:35 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода кавадарчаните Е.О.(32), И.С.(28), К.Ј.(26) и Ѓ.К.(26). Тие се сомничат дека од магацински простор, сопственост на правно лице од Кавадарци одзеле ламинат. Дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе била поднесена соодветна пријава.
јануари 10, 2026


