Хроника
Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
Еден кавадарчанец бил пријавен за закани кон тетка, друг за обид за напад врз сопругата со тврд предмет, а трет за закани и обид за напад врз таткото. Сите настани се случиле во еден ист ден, а тројцата биле лишени од слобода, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера во 14:55 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишија од слобода 39-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се заканувал на неговата 63-годишна тетка и со остар предмет оштетил предмети во домот. Предметот е пронајден и одземен, соопштија од СВР Велес.
Нешто подоцна, во 16:20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 37-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се обидел со дрвен предмет да ја нападне неговата 38-годишна сопруга.
Истиот ден во 18:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 33-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се заканувал на неговиот 57-годишен татко и се обидел да го нападне со дрвен предмет.
Сите тројца биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биле поднесени соодветни поднесоци.
јануари 9, 2026


