Connect with us

Ракомет

Ѓорѓиев: Сите можеме многу подобро

Македонската ракометна репрезентација попладнево го игра вториот дуел на „Јелоу куп“ во Швајцарија. Противник ни е селекцијата на Украина, а по вчерашниот триумф над Бахреин со 32:28, ова ќе биде нова можност за проверка на силите пред Европското првенство.

– Имавме тежок натпревар за играње со Бахреин, како и што е вообичаено првиот натпревар има посебна тежина, но тоа е само подготвителен дуел. Очекувам од дуел во дуел да бидеме подобри, работиме за тоа. Мислам дека сите можеме многу подобро, но ќе треба да ги намалиме нашите осцилации. Верувам дека ќе бидеме подобри на следните натпревари, изјави Игор Ѓорѓиев.

Почетокот на натпреварот е во 17:45 часот, а потоа играат Швајцарија и Бахреин.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 4