Connect with us

Економија

Божиновска: 2025 – година на ред, стабилност, развој и транспарентност во енергетиката

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведе интензивна, институционална и транспарентна политика на комуникација со јавноста и медиумите, паралелно реализирајќи клучни реформи и проекти во енергетскиот и рударскиот сектор, се наведува во соопштението на Министерството.

Во соопштението се наведуваат клучните активности, кои Министерството ги спровело минатата година, при што се наведува дека министерката Божиновска во текот на 2025 година остварила над 700 работни средби, состаноци и координации со домашни и меѓународни партнери како дел од системски пристап за навремено планирање, усогласување на активностите и обезбедување стабилност во секторот.

Во рамките на Министерството, на иницијатива на министерката, се додава во соопштението, првпат биле формирани повеќе советодавни и координативни тела за клучни области, кои редовно заседаваат и даваат стручни насоки за носење одлуки од стратешко значење. Воспоставено било и посебно координативно тело за навремена и сигурна координација во областа на електричната енергија, како и посебно советодавно тело за топлинска енергија, составено од еминентни универзитетски професори, кое активно работеше на повеќе теми од суштинско значење за стабилноста и развојот на националниот енергетски систем.

– Во услови на динамични глобални енергетски предизвици, 2025 година беше година на интензивна, теренска и стратешка работа во енергетиката и рударството. Преку засилена институционална активност, широка вклученост на стручната јавност и постојана комуникација со сите релевантни фактори, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини постави јасни основи за ред, стабилност и долгорочен развој на секторот, со фокус на транспарентност, одговорно управување и активна енергетска дипломатија, нагласи министерката Божиновска.

Паралелно, Министерството остварило редовна и континуирана соработка со сите релевантни државни институции, регулаторни тела и јавни претпријатија, како и со стопанските комори, бизнис-заедницата, невладиниот сектор и стручната јавност, градејќи отворен и инклузивен модел на комуникација.

– Значаен фокус беше ставен и на енергетската дипломатија, при што Македонија повторно се позиционира како рамноправен партнер секаде каде што се креира европската енергетска политика, со активно учество на регионални и европски иницијативи и форуми, истакнала Божиновска.

Во текот на годината биле реализирани и редовни теренски посети на енергетските и на рударските капацитети во државата со цел директен увид во состојбите, навремено детектирање на предизвиците и носење одлуки базирани на реални податоци и факти.

Министерството лани реализирало над 250 соопштенија и информации до медиумите, одржало редовни брифинзи и отворена комуникација со новинарите и јавноста, со навремен одговор на сите релевантни прашања обезбедувајќи јавноста континуирано да биде информирана за сите важни политики, одлуки и резултати, наведуваат од таму. 

Во продолжение го пренесуваме интегрално преостанатиот дел од соопштението на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во кое се изнесени дел од активностите што биле во фокусот на неговата работа:

РЕД ВО ИЗГРАДБАТА НА ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ

Првпат е усвоен годишен план за изградба на енергетски објекти за 2025 година, кој воведе ред и јасни приоритети. Планот ги дефинира насоките за изградба на нови објекти и зајакнување на енергетските мрежи. Овој процес е од особена важност за државата затоа што обезбедува конкретна слика за приоритетите во развојот на енергетските капацитети и овозможува стратешко насочување на инвестициите, со цел стабилно снабдување со електрична енергија и правна сигурност за инвеститорите.

Планот за 2025 опфаќа 481 енергетски објект, со вкупна моќност од 1.265 MW, сите со уредна документација. Доминираат обновливите извори – над 812 MW соларни и 426 MW ветерни капацитети, како и значајни инвестиции во складирање електрична енергија.

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Во 2025 година се исплатени ртечиси 40 милиони денари премии за производство од фотоволтаици, а во тек е постапка за нов закон за обновливи извори на енергија, усогласен со ЕУ-директивите. Оперативен е и пазарот на гаранции за потекло, со над 122.000 издадени гаранции. Истовремено, донесени се измени на Законот за енергетската ефикасност и усвоен е тригодишен план за реконструкција на јавни згради. Ќе се реновираат 14 јавни згради со вкупна корисна површина од 102.992 m², во кои функционираат 33 институции, што секојдневно ги користат повеќе од 5.000 лица. Целта е: намалени енергетски трошоци, подобрени услови за работа, помали емисии и модернизиран јавен сектор во согласност со европските стандарди.

НАПРЕДОК ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАЕДНИЦА

Северна Македонија бележи значителен напредок во имплементацијата на обврските од енергетската заедница, со раст кај пазарната интеграција (61 %), сигурноста во снабдување (41 %) и институционалната подготвеност (76 %), што ја позиционира земјата над или блиску до регионалниот просек.

Промена на статусот на имплементација по области: • ⚡ Пазари и пазарна интеграција: – 2024: 54 % → 2025: 61 % • 🌱 Декарбонизација на енергетскиот сектор: – 2024: 49 % → 2025: 50 %

• 🔌 Сигурност во снабдување: – 2024: 21 % → 2025: 41 % • • 🏛 Институционална подготвеност: – 2024: 74 % → 2025: 76 %

ИНТЕРКОНЕКТОРИ И СТРАТЕШКА ИНФРАСТРУКТУРА

Во фокус се гасните интерконектори со Грција и Србија, како и повторното активирање на нафтоводот Солун – Скопје, со што се зајакнуваат енергетската безбедност и диверзификацијата на снабдувањето.

Изградба на гасна линија Македонија – Грција. • вкупна должина: приближно 123 км (66-68 км во Македонија). Првичен капацитет: 1,5 милијарда m³ годишно, со можност за проширување на 3 милијарди m³/год. Очекуван почеток на работа 2027 година.

Интерконектор со Србија – предвидена должина: околу 65-70 км (Клечовце – Врање). Очекуван рок на завршување: 2027 година, со гас во текот на 2028 година.

Продуктовод/нафтовод – со Грција. Владата донесе одлука за повторно отворање на нафтоводот „Тесалоники – Скопје“. 400.000 тони дизел годишно. Оваа линија беше неактивна 12 години, со многу години инфраструктура оставена неискористена.

СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Исплатени се 42,3 милиони денари субвенции за ранливи потрошувачи, со намалување на сметките за струја од 1.000 денари месечно, како и 170 милиони денари за субвенции за инвертер-клими. Овие мерки се со цел обезбедување достапна, сигурна и социјално праведна енергија за граѓаните кои се соочуваат со енергетска сиромаштија, со посебен акцент на лицата со попреченост и корисниците на гарантирана минимална помош. Мерките дополнително опфаќаат ослободување од трошоци за повторно приклучување, приоритетно постапување при дефекти, како и заштита од исклучување во зимскиот период.

ЗАСИЛЕНА КОНТРОЛА И РЕКОРДНИ ПРИХОДИ

Во 2025 година е остварена рекордна наплата од 931 милион денари концесиски надоместоци, што е 2,4 пати повеќе од истиот период во 2024 година. Раскинати се над 45 концесии поради непочитување на законите, а воведен е и дигитален надзор со дронови за поголема контрола и транспарентност.

ПРАВНА ЗАШТИТА НА ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ

Со активна правна стратегија Министерството ја намали вредноста на судските предмети против државата од 421,8 на 106,8 милиони денари, при што се одбиени тужби вредни 315 милиони денари, а поднесени се и тужби за наплата на долгови.

ЗАКОНОДАВСТВО, НАСЛЕДСТВО И МЕЃУНАРОДЕН УГЛЕД

Почнати се нови законски решенија за геологија и рударство, процес за заштита на македонскиот рубин како национално минерално наследство, а Скопје беше домаќин на 14. меѓународен форум за одржлива енергија, со над 700 учесници од 70 земји. Потпишана „Декларацијата Скопје“, со што државата се позиционира на глобалната енергетска мапа.

2025 година ја одбележаа ред, реформи, резултати и целосна транспарентност – со јасна определба Министерството и понатаму да остане отворено, одговорно и отчетно пред јавноста и медиумите, стои во соопштението.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3