Ракомет
Јагуриноски го пропушта Европското првенство 2026
Томислав Јагуриноски нема да биде дел од македонската ракометна репрезентација која ќе настапи на Европското првенство 2026 година.
Десниот бек ќе го прошушти евро-шампионатот поради повреда, информираа од репрезентативниот табор.
Конечниот список на ракометари кои ќе патуваат на Европското првенство селекторот Кирил Лазаров ќе го соопшти во вторник во претпладневните часови.
На ЕП 2026, македонската репрезентација е во група со кодомаќинот Данска, со Португалија и со Романија.
јануари 5, 2026


