Connect with us

Хроника

Кај малолетници од Битола пронајдени 48 пакувања со марихуана

Во двор на основно училиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола синоќа во 20:40 часот лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 17 години, затоа што при преглед кај нив се пронајдени и одземени 48 пакувања со марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-При преземање на службените дејствија, полициските службеници биле физички нападнати од едниот малолетник, посочуваат од Министерството.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4