Connect with us

Ракомет

Македонските ракометари денеска патуваат за Хрватска

Македонската ракометна репрезентација по четирите дена подготовки во Скопје денеска заминува за Пореч, Хрватска како втор дел од подготовките за претстојното Европско првенство. Селекторот Кирил Лазаров за Пореч ќе смета на 20 ракометари. На 28. декември (недела) македонските ракометари ќе одиграат и контролен натпревар со Хрватска.

Репрезентацијата ќе биде комплетна на 2. јануари во Скопје кога голманот Мартин Томовски ќе се приклучи на националниот тим (претходно има обврски со клубот).

Во третиот дел од подготовките од 8 до10.јануари македонската ракометна репрезентација ќе одигра и три контролни натпревари на турнир во Винтертур против домаќинот Швајцарија, Бахреин и Украина. Од Швајцарија потоа се патува за Хернинг каде македонските ракометари ќе ги играат дуелите од групата на Европското првенство.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2