Connect with us

Вести

Следната недела првиот состанок со странските експерти за случајот што го обзнани интервентниот кардиолог Кедев

Следната недела треба да се одржи првиот состанок со странските експерти кои ќе бидат ангажирани за случајот за случајот со медицински неоправдани операции на срце кој го обелодени интервентниот кардиолог Сашко Кедев.

– Процедурите од наша страна се поминати. Пратени се кај нив. Во моментов се преведуваат сите материјали на англиски јазик. Материјалот е обемен и ценам дека првата средба која ќе биде онлајн ќе се одржи наредната недела. Не сакам да прецизирам ден затоа што треба да се кородинираат вкупно 20 луѓе, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Министерството за здравство.

Кедев пред неколку месеци обелодени дека некои болници вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и непотребни стентирања. По ова беше формирана интерна комисија, но и комисија од тројца странски експерти.

На прес-конференција во ноември, министерот Алиу и членовите на домашната комисија информиаа дека од дотогаш пристигнатите 25 пријави за сомнителни случаи, кои се пријавени од граѓани и од медицински институции, комисијата анализирала 19, а за 10 пациенти било утврдено дека непотребно биле упатени на васкуларни интервенции.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3