Connect with us

Хроника

Пожар во куќа во Шуто Оризари, со повреда се здобил сопственикот

При пожар во куќа во Шуто Оризари, со повреда се здобил сопственикот, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска во 5:20 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, настанал пожар во куќа, сопственост на 31-годишниот скопјанец Д.Р., кој при излегување од куќата, се здобил со повреда, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, појаснија од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Извршен бил увид. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4