Connect with us

Вести

„Safe City“ најмногу прекршоци за поминување на црвено регистрирал во Чаир

На прашање дали системот идентификувал “жешки точки“ на кои се регистрирани најмногу прекршоци за брзо возење или поминување на црвено светло, од МВР велат најбрзо се вози на излез од Скопје кон Тетово и на булевар „Никола Карев“, додека најмногу прекршоци за поминување на црвено се регистрирани на раскрсницата на улицата „Цветан Димов“ и улицата „Џон Кенеди“.

-Системот „Безбеден град“ во периодот од 02.12.2025 година од 00:00 до 12:00 часот има регистрирано најмногу прекршоци за возење побрзо од дозволената брзина  на излез од Скопје кон Тетово каде се регистрирани 4.300 прекршоци како и на булевар „ Никола Карев “ каде се регистрирани 3.000 прекршоци за возење побрзо од дозволената брзина. Додека за поминување на црвено се регистрирани најмногу прекршоци на ул. „Цветан Димов“ и ул. „Џон Кенеди“ –  45 прекршоци, стои во одговорот од МВР. 

Од МВР, исто така, информираат дека најмалата брзина за која е регистрирана казна во тест периодот  е 51 км, додека најголема брзина за која е регистриран прекршок е 209 км на час.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4