Економија
Во третиот квартал годинава 10.033 слободни работни места
Државниот завод за статистика денеска соопшти дека стапката на непополнети работни позиции во текот на третиот квартал од годинава изнесува 2,02 проценти. Најголем број на огласени работни места, односно 2.052, се забележани во групата Елементарни занимања.
Во текот на третиот квартал од годината, вкупно биле евидентирани 10.033 слободни работни места.
Од тој број, 2.393 се однесуваат на преработувачката индустрија, 1.830 на „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“, 867 на Административни и помошни услужни дејности, 730 на Образование, 719 на Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 705 на Градежништво, 660 на Транспорт и складирање, 458 на Дејности на здравствена и социјална заштита, 354 на Стручни, научни и технички дејности и 324 на Информации и комуникации.
Вардарскиот Регион се одликува со највисока стапка на слободни работни места, која достигнува 2,53 проценти.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,69 проценти е забележана во секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“, додека најниска стапка е регистрирана во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, каде што изнесува 0,22 проценти.
Компаниите со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,70 проценти.
Интересно е да се забележи дека „И во првиот кваратал годинава стапката на слободни работни места изнесуваше 2,02, а во вториот квартал година 2,08.“
декември 1, 2025

