Економија
ДПИ најави засилени контроли во угостителските објекти пред празниците
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави дека во пресрет на празниците и очекуваниот зголемен број прослави ќе спроведува засилени инспекциски надзори во угостителските објекти. Целта е да се спречат нерегуларности во работењето и да се обезбеди заштита на гостите.
Од Инспекторатот апелираат до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на нивното работење особено во делот на дозволениот број на гости, работното време, Законот за заштита од пушење и сите други одредби.
Државниот пазарен инспекторат најави дека соодветно ќе реагира за непочитување на законските обврски и ќе превземе мерки и санкции согласно законите.
Од ДПИ ги повикуваат граѓаните секоја неправилност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или www.dpi.gov.mk.
декември 1, 2025

