Свет
Кабинет на Орбан: Поддршка за планот на Трамп, без коментар за можната посета на Москва
Унгарската Влада го поддржува мировниот план за Украина на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска Гергели Гујаш, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.
Тој рече дека спогодбата треба да биде постигната „што е можно поскоро“.
На новинарско прашање за шпекулациите дека Орбан утре ќе патува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, Гујаш одговорил дека прашањето е „премногу хипотетичко“ за да биде коментирано
ноември 28, 2025

