Connect with us

Свет

Меркел: Германските партии мора да ѝ се спротивстават на „Алтернатива за Германија“

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика водечките политички партии во Германија да не дозволат да бидат манипулирани од крајнодесничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД), јави ДПА.

Таа изјави за јавната телевизија „Феникс“ дека центристичките партии треба јасно да ја дефинираат својата политика и да се разграничат од АфД.

Меркел, која беше канцелар од 2005 до 2021 година, порача дека не би можела да соработува со партии што се против Европската Унија, имаат различен став кон Русија и не ја бранат либералната демократија.

Нејзините забелешки беа упатени и кон левицата — Социјалдемократската партија – и кон конзервативниот блок што го водеше, составен од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ).

– Барањето мнозинство со АфД е исклучено, само врз основа на тоа како самата партија се дефинира, изјави Меркел.

Последен пат таа јавно коментираше политички теми во јануари, кога го критикуваше лидерот на конзервативците Фридрих Мерц за прифаќањето на предлог за ограничување на миграцијата со поддршка од АфД.

„Алтернатива за Германија“ во моментов е најголема опозициска сила во Германија и, според последните анкети, има поддршка еднаква или поголема од блокот ЦДУ/ЦСУ.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3