Свет
Русија го затвора полскиот конзулат во Иркутск како одговор на чекорите на Варшава
Полскиот амбасадор во Москва беше повикан во руското Министерство за надворешни работи, каде му беше врачена нота со која Полска е информирана за одлуката на Русија да го затвори полскиот генерален конзулат во Иркутск како реципрочна мерка, јави ТАСС.
Според Москва, затворањето на конзулатот, планирано за крајот на декември, е одговор на претходната одлука на Варшава да го затвори руското конзулат во Гдањск.
Полска претходно соопшти дека рускиот конзулат во Гдањск ќе престане да работи од 23 декември.
ноември 28, 2025

