Вести
Муцунски на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска Унија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ќе учествува на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија – Европска Унија што денеска и утре се одржува во Стразбур.
Состанокот, како што информираат од МНРиНТ, претставува важна можност за унапредување на политичкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, со фокус на тековниот напредок на земјата во процесот на пристапување.
-На пленарната сесија што ќе се одржи денес, министерот Муцунски ќе се обрати пред присутните, при што ќе ги претстави постигнувањата во реформската агенда на земјата, како и идните чекори во ЕУ-пристапниот процес, соопшти МНР и НТ.
ноември 27, 2025

