Connect with us

Култура

Љутков: Работиме со интензивно темпо во инвестирањето во установите од културата

По претставувањето на реновираното гледалиште во Театар Комедија, каде што е вграден нов под и се заменети столчињата за публиката, министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска соопшти дека се работи интензивно на реконструкции и санации во објектите на други театари и национални установи во државава.

Одговарајќи на новинарско прашање Љутков кажа дека за наредната 2026 година е планирано да се интервенира и во Македонскиот народен театар каде што, рече, „има исто така проблем со одреден дел од столовите“.

-Во МНТ имаше проблем со протекување на дел од терасите. Оваа година веќе се работи на тој проблем, завршена е јавната набавка и веќе се работи да се санира тој проблем. За 2026 година ќе се санира и другата страна од која протекуваше, изјави Љутков.

Посочи дека согласно Програмата за 2025 година доста е почнато во делот на капиталните инвестиции. Како што рече, со интензивно темпо е продолжено во театарот во Куманово, откочена е постапката во театарот во Струмица и за таа да заврши се обезбедени дополнителни 3 милиони денари.

-Почнуваме со работа и во Музејот на Македонија, значи комплетна реконструкција. Го отворивме новиот дел од Националната и универзитетска библиотека кој беше запоставен, работиме на кровот. Работиме и во Прилеп на затоплување на Центарот за култура и почнуваме со изработка на нов проект за реконструкција на стариот таетар „Војдан Чернодрински“, за што дополнително ќе известам. Така што, отворени сме на многу позиции, помагаме каде што можеме затоа што како Министерство тоа ни е и должност, истакна Љутков.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3