Connect with us

Економија

Во септември произведени 391.740, а потрошени 373.518 мегават часови електрична енергија

Во септември годинава во земјава вкупно се потрошени 373.518 мегават часови електрична енергија, 19,406 милиони нормални кубни метри природен гас, 368.114 тони јаглен и 95.577 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 100 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,9 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

– Во септември 2025 година е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено, односно вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 391.740 мегават часови, што претставува 4,9 отсто повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Во септември 2025 година во однос на септември 2024 година потрошувачката на природен гас е намалена за 15,5 отсто, како резултат на намалената активност на когенеративните постројки, додека потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 13,2 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.  

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4