Connect with us

Култура

Зоран Кесиќ со „Приказни и песни“ во Филхармонија – вечер исполнета со хумор, музика и искреност

Еден од најпознатите и најавтентични регионални сатиричари, Зоран Кесиќ, доаѓа во Скопје со своето шоу „Приказни и песни“.

Во Македонска Филхармонија вечерва со почеток во 20 часот публиката ќе има прилика да биде дел од вечер исполнета со интелигентен хумор, музика и храбра искреност.

-„Приказни и песни“ е динамична, духовита и длабоко човечка приредба што ги спојува театарот, музиката, јавниот коментар и интимната исповед на еден современ човек. Секој настап е различен – жив, непредвидлив и единствен во својот тек, во зависност од моментот, просторот и енергијата на публиката, наведуваат организаторите.

Зоран Кесиќ е српски телевизиски водител, сатиричар и комичар роден во Белград. Неговиот препознатлив стил – микс од иронија, реален коментар и неверојатна енергија на сцена – може да се види и на на „24 минути со Зоран Кесиќ“, која прерасна во најдобрата Балканска политички-сатирична емисија.

-Со своето шоу „Приказни и песни“, Кесиќ носи вечер каде вистината ќе не смеe, а смеата ќе ги откриe вистините што ги премолчуваме. Во својата препознатлива комбинација на иронија, сатира и топлина, Кесиќ зборува за теми кои сите ги познаваме, но ретко се осмелуваме да ги анализираме: секојдневието во балканската реалност, политичките апсурди, културните навики, човечките слабости и радости, и сите оние ситни детали што ја прават реалноста истовремено и болна и смешна. Со него, дури и најсериозните теми стануваат причина за смеа – онаа вистинската, ослободувачката смеа што поврзува луѓе, најавуваат организаторите.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1