Connect with us

Општини

Амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер во работна посета на Неготино

Амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер попладнево беше во работна посета на Неготино. Задоволство од средбата, изрази новата градоначалничка на оваа општина, Марија Нацева, на Фејсбук.

– За амбасадорот „Неготино е главен град“, алудирајќи на фактот што токму во нашиот град е отворена првата билингвална паралелка на француски јазик и нашиот град има посебно место и посебни врски во делот на соработката со Амбасадата на Франција. Како градоначалнчка на општина Неготино дадов ветување дека заедно со одговорните во СОУ „Свети Кирил и Методиј“ правиме и ќе продолжиме со поддршката за учениците кои имаат афинитети за изучување на францускиот јазик и негово подигнување на уште повисоко ниво, сподели таа.

Притоа го информирала амбасадорот за приоритетите во нејзиниот мандат, меѓу кои се изградба на патна и комунална инфраструктура, реконструкција на градскиот плоштад, реконструкција на УЗ 8.1, нова противпожарна станица, реконструкција на старата социјална зграда и нејзина пренамена, како и модернизација на општина Неготино.

Tomorrow Morning Banner
– Во делот на развојот на индустриските зони и можноста за инвестирање, амбасадорот Ле Риголер најави потенцијален интерес за инвестирање во нашата општина од инвеститори од Република Франција, напиша Нацева.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4