Општини
Нов паркинг кај новиот дел од кејот на реката Вардар во Велес
Завршија градежните зафати за изградба на паркинг простор кај новоизградениот дел од кејот на реката Вардар од десната страна во Велес, кој во изминатите денови беше одбележан и хортикултурно уреден, со што новиот паркинг до доби својот лик. Располага со 20-тина паркинг места, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
Како што најави градоначалникот Марко Колев, новиот паркинг во наредните денови ќе биде ставен во функција.
-Со оваа решение ќе се намали сообраќајниот хаос во центарот на градот до изградбата на подземната гаража во строгиот центар на Велес, потенцира Колев.
ноември 18, 2025

