Општини
Ректорската управа на штипскиот Универзитет избра еден нов и реизбра двајца проректори
Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ (УГД) има еден новоизбран и двајца реизбрани проректори. Во соопштението од УГД се наведува дека на 263. седница на Ректорската управа биле донесени важни кадровски решенија.
-Професор д-р Ана Никодиновска Крстевска е реизбрана за проректор за меѓународна соработка, проф. д-р Дарко Лазаров останува на функцијата проректор за развој, инвестиции и одржување, а проф. д-р Сашо Коцески е новиот проректор за настава и студенти. Сите мандати се утврдени до 14.09.2028, се вели во соопштението на УГД-Штип.
Претходно, на изборот на ректор на УГД- Штип беше реизбран Дејан Мираковски, којшто има три годишен мандат на оваа функција.
ноември 17, 2025

