Економија
Николоски го отвори Виена економскиот форум
Ја имав честа да го отворам Виена економскиот форум, објави на социјалната мрежа на Facebook вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Виенскиот економски форум (VEF) ја поттикнува економската соработка меѓу земјите од регионот „од Јадран до Црно Море“ и ги обединува бизнис-заедницата, институциите и политичките чинители со фокус на развој на заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата и иновациите.
VEF е значајна платформа за регионален економски дијалог и активно придонесува кон подобрување на деловната клима и привлекување инвестиции во регионот, пишува Николоски во својата објава.
ноември 17, 2025

