Connect with us

Општини

Прилепскиот комбинат откупот на тутунот ќе го почне во вторник, на прагот е на договор за продолжување на соработката со „Филип Морис“

Прлепскиот тутунски комбинат во вторник, на 18 ноември,  ги отвора вратите за откуп на тутунот на 34 пункта во земјава.  Ќе преземе 2.300 тони тутун и ќе исплаќа двапати неделно. Цените по класи се поголеми за 5 проценти од другите откупувачи.

-Подготвени сме за откуп на договорениот тутун со кооперантите. Во вторник ќе бидат отворени вратите за откуп на 34 места со регистрирани 37 ваги. За годинава имаме договорено за откуп на 2.300 тони што е повеќе од лани кога откупивме 1.800 тони тутун. Имаме обезбедно средства за исплата која ќе севрши двапати неделно. Цената по класи е дефинирана уште од март месец и е за 5 проценти поголема од другите откупувачи. Првата класа тутун е 420, втората 360, а третата класа тутун се купува по 300 денари за килограм. Сега-засега не можам да кажам дека ќе има некое зголемување на цените, изјави Александар Алексоски, директор на Тутунски комбинат од Прилеп.

Тутутнот собран преку летото е со висок квалитет, но сега некои тутунари берат што не може да го оправда очекуваниот квалитет. Како комбинат ги поздравуваат законските измени со кои се забранува увоз на тутун додека трае откупната кампања што е во полза и на тутунарите и на тутунопроизводството во земјава.

Од комбинатот велат дека ги надминале оперативните загуби во работењето.

-Треба да разликуваме оперативна или добивка или загуба на крајот на годината. Кога минатата година во ноември дојдовме во Комбинатот, веќе имаше прокнижена оперативна загуба од 117 милиони денари. По една година остваруваме, не голема, туку оперативна добивка од околу еден милион денари, па така, сме ја надоместиле ланската загуба од 117 милиони денари. Освен тоа, остваруваме зголемување од 35 проценти во производството на цигари, вели Алексоски.

Со стратешкиот партнер „Филип Морис“ комбинатот 11 години соработува и го очекува договорот на нова 10-годишна соработка.

-Таа динамика и процес беа забавени поради локалните избори. После сето тоа, ќе се продолжи со преговорите. Веќе потпишавме договор за доверливост. Очекувам во првата половина од наредната, 2026 година, договорот за продолжување на соработката со „Филип Морис“ да биде потпишан, рече директорот на прилепскиот Тутунски комбинат Александар Алексоски.

Законски, откупот почнува на 15 ноември и трае до крајот на февруари. Реколтата од околу 22.000 тони треба да ја купат 10 откупни компании.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1