Општини
Почнува 11. издание на манифестацијата „Самун ем татлија“ во Радовиш
Со настап на познати естрадни уметници вечер ќе биде означен почетокот на традиционалната манифестација „Самун ем татлија“, која се организира по единаесетти пат во Радовиш.
Покрај подотовката на традиционалните радовишки спрецијалитети, ќе има богата културно-уметничка и музичка програма со настап на пејачи од земјава и странство.
-Ве повикувам на 14, 15 и 16 ноември да бидете гости во Радовиш, да го вкусите нашиот традиционален специјалитет „самунот“, секако и „татлијата“, која ќе биде проследена со убава музичка програма, вели градоначалникот на Радовиш, Љупчо Почивалец.
Манифестацијата ќе се одржува од денеска до недела на локацијата паркинг „Орел“.
ноември 15, 2025

