Connect with us

Вести

Андоновски: Има петнаесет кривични пријави поднесени од Министерството за дигитална трансформација, пет се во судска постапка

Министерството за дигитална трансформација работи на расчистување на злоупотреби од претходните раководства и има поднесено вкупно петнаесет кривични пријави, вели министерот Стефан Андоновски, во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

„Во Министерството имав случаи на злоупотреби од претходни раководства, и сметав дека е потребно да повикаме на одговорност. Пет од тие пријави веќе се во судска постапка, што значи дека Обвинителството ги процесираше со вештачења, анализи и документи. Дел се уште чекаат да започне постапката“,рече Андоновски.

Министерот нагласи дека методологијата на работа е систематска и без политички притисоци.

„Не снимавме апсења, не правиме притисок врз соработници на Венко Филипче. Секој предмет се обработува со издржани аргументи и факти и завршува со судски одлуки. Фали динамика кај судството и Обвинителството, но борбата против корупција започнува од сопствениот двор“, кажа министерот.
Тој исто така појасни дека паузите во ИПАРД фондовите не се блокади, туку се резултат на внимателна анализа од Министерството за финансии и Владата за евентуални злоупотреби, со цел процесот да продолжи со сигурност и транспарентност.

Осврнувајќи се на актуелната политичка ситуација, Андоновски истакна дека со добивањето на апсолутна власт, значително растат и обврските на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега одговорноста е само на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните за поплаки имаат само едно име и презиме“, додаде тој.

Ова, според Андоновски, бара дополнителна реформа и осовременување на партијата, како кадровски, така и програмски. Тој го најави претстојниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на декември, кој треба да донесе „свежина, енергија и нови идеи“ и да ги исцрта параметрите за следниот мандат и осумгодишното владеење.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1