Општини
Општина Струга даде рок за отстранување на времените објекти и ослободување на јавните површини
Општина Струга ги известува граѓаните во рок од 10 дена да ги отстранат сите времени објекти на кои согласно решенијата за поставување урбана опрема во тековната 2025 година, рокот им е изминат.
Според информацијата, рокот почнува да тече од денеска, а се однесува на сите бараки, тезги, детски играчки, рекламен материјал, земјоделски производи, градежни материјали и слично.
Граѓаните кои имаат зафатено јавна и сообраќајна површина на територијата на општина Струга, со оставено огревно дрво, нерегистрирани и хаварисани возила, отпадни гуми и друга опрема и материјал да ја ослободат до крајот на месецот.
– Краен рок за постапување е 30 ноември 2025 година. По истекот на рокот инспекцијата на општина Струга, ќе постапи согласно законските надлежности и ќе започне со ослободување на зафатената јавната површина, соопшти Општина Струга.
ноември 14, 2025

