Хроника
Малолетници од Куманово употребувале пиротехнички средства на градскиот плоштад
Малолетници од Куманово употребувале пиротехнички средства на градскиот плоштад.
-Вчера околу 21:10 часот на Плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово забележале тројца малолетници како употребуваат пиротехнички средства. При преглед кај нив се пронајдени 27 парчиња пиротехнички средства, а подоцна во полициска станица со нив е извршен службен разговор во присуство на нивните родители, соопшти СВР Куманово.
По целосното документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
ноември 13, 2025

