Connect with us

Вести

Генералот Лафчиски во тридневна посета на контингентите на Армијата во Романија и Бугарија

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска, 12 ноември, ќе престојува во тридневна работна посета во Романија и Република Бугарија.

Согласно агендата, началникот на Генералштабот ќе ги посети припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во мултинационалните сили на НАТО во Романија и Република Бугарија, а кои се упатени во рамките на НАТО активноста „Forward Land Forces – FLF“.

Генералот Лафчиски за време на престојот во Романија, ќе оствари средба со командантот на Мултинационалниот корпус југоисток, генерал-мајор Христијан Даниел Дан. Дополнително, на покана на началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал Ѓеорѓита Влад, генералот Лафчиски ќе присуствува на Денот за Високи гости на вежбата „Dacian fall 2025“, кој ќе се одржи на полигонот за обука во Чинку, Брашов, Романија.

За време на престојот во Република Бугарија, генералот Лафчиски ќе се сретне со командантот на Здружените сили на Република Бугарија, генерал-мајор Станимир Христов и со командантот на Мултинационалната борбена група во Република Бугарија, полковник Матиа Широко.

Нашиот придонес во мировните операции во Романија и Република Бугарија започна на крајот на 2022 година со испраќање на два свои состави, каде заедно со припадниците на Вооружените сојузнички сили се составен дел од колективниот систем за одвраќање и одбрана.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3