Connect with us

Општини

Словачката амбасадорка во посета на Штип

Во посета на Општина денеска беше  амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова. На средбата со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов разговарале за потенцијални инвестиции, развој на туризмот и нови економски проекти. Универзитетот „Гоце Делчев“ и индустриските зони беа во фокусот како двигатели на идниот развој. Општината очекува конкретни резултати од оваа средба, нови партнери и капитал во градот.

-Навистина ми е драго што прв пат имавме можност да се сретнеме и да поразговараме за можностите, кои што ги имаме како општина со словачкиот народ и со потенцијални инвестиции од Словачка. Ги презентирав околностите во нашиот град, состојбите и можностите кои што ги нудиме. Можноста за развој на бањско рекреативен центар, туризам. Можностите во Технолошко-индустриската развојна зона, размената на знаења и околностите затоа што Штип е образовен центар, УГД е наш огромен потенцијал, така да се надева од овој разговор и средба ќе произлезе една соработка, која што ќе придонесе за развој на нашиот град и размена на искуство и на придобвки од соработката, рече Јорданов.

Словачка гледа кон Штип како кон нов партнер за економија, култура и образование. Амбасадорката Ивета Хрицова најави продлабочување на соработката и можни инвестиции во градот.

-Разговаравме за можноста да ја продабочиме соработка во економската област, во инвестициите. Ја допревме и културата и заедничките меѓучовечки односи. Имаме средба и со ректорот од УГД , каде што ќе бараме да понудиме можности на студентите, кои студираат во универзитетот. Да можеме да ги споиме вашиот Универзитет со нашиот. Словачка исто така има и заинтересиран инвеститор кој што би бил заинтересиран да дојде, но се уште се во преговори, истакна Хрицова.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3