Општини
Конкурсот за вработување на анестезиолози во кумановската болница е отоврен 365 дена во годината
Конкурсот за прием на анестезиолози во кумановската болница е отворен 365 дена во годината, рече на денешната прес-конференција, директорот на ЈЗУ општа болница Куманово, Сашо Стошевски. Болницата е покриена со анестезиолози до крајот на годинава, по што двете последни лекарки заминуваат во пензија.
-За жал, состојбата со анестезиолозите е критична. Затоа побаравме поддршка од Министерството за здравство. Проблемот го решаваме со потпишани договори за соработка со повеќе јавни здравствени установи од Скопје и внатрешноста за привремено остапување на кадар, изјави Стошевски.
Менаџерскиот тим повика пензионирани анестезиолози да помогнат, а еден од нив веќе потпишал договор за поддршка.
– Сакаме да обезбедиме континуитет во работата и безбедност на пациентите. Ова е проблем што се провлекува со години, но верувам дека со поддршка од Министерството за здавство ќе биде решен во најбрзо време, изјави директорката на установата.
Тој информираше дека се побарани вработувања на нови лекари кои ќе мора да специјализираат анестезиологија, укажувајќи дека проблемот се провлекувал со години наназад и „болницата дозволила да биде желботека за избор на специјализација“.

Претходно во болницата се ангажирани 24 специјализанти, од кои дел веќе работат во болницата, а се очекува дополнително да се ангажираат дваесетина нови лекари со втората тура специјализации.
– Во иднина ќе добиеме кадар што недостига на одделенијата за психијатрија, ОРЛ и педијатрија. Тоа ќе помогне да се стабилизира состојбата во болницата, објаснува Стошевски.
Тој додава дека во процедура се и барања за вработување на средномедицински персонал, болничари, техничари, општи работници и возачи.
-Имаме четири возила и само двајца возачи. Тоа е навистина недоволно. Се надевам дека со новите конкурси ќе добиеме засилен тим, затоа што без човечки кадар не може да се одржи системот, потенцира Стошевски.
Болницата реализира повеќе јавни набавки за опрема кој ги спроведува со сопствени средства и соработка со општествено-одговорни компании.
– Во јуни испративме барање за донации и опрема до повеќе компании и добивме позитивен одговор од над 50 субјекти. Тоа многу помогна во реализацијата на инфраструктурните зафати. Одделно, преку јавни набавки обезбедивме нови индустриски машини за пералната и кујната, со што конечно го решаваме долгогодишниот проблем со перење, сушење и стерилизација на болничката постелнина, објаснува Стошевски.
Набавени се и клими со општествено-одговорни компании кои се поставуваат по одделенијата, се уредува и паркинг просторот кој ќе има можност за паркирање на 140 возила. Во рамки на тековните активности, во болницата се изведуваат повеќе градежни зафати – од уредување на паркинг-просторот, до реконструкција на детското и инфективното одделение.
– Во моментов се вршат повеќе реконструкции во објектите на болницата. Најзначајни се работите на детското одделение, каде што дневната болница доби целосно нов изглед и услови. Просториите се адаптирани за малите пациенти да се чувствуваат пријатно и безбедно, изјави Стошевски.
Со повеќе реконструкции, нови набавки и планирани вработувања, кумановската болница се обидува да обезбеди стабилна трансформација по повеќе години на кадровски и инфраструктурни предизвици.
ноември 7, 2025

