Connect with us

Економија

Инфлацијата во октомври намалена за 0,2 проценти во однос на септември

Инфлацијата во октомври преку индексот на трошоци на живот во однос на септември бележи намалување од 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Намалувањето се должи на помалите трошоци во делот на транспортот за 6,1 процент, мебелот и одржувањето на домаќинствата за 0,3 проценти и во делот образование и култура за 0,1 процент.

Зголемување на трошоците на живот има во делот на алкохолните пијалоци и тутунот и облеката и обувките за 1,2 проценти, храната и безалкохолните пијалоци за 0,3 проценти, домувањето за 0,2 проценти. 

Во однос на октомври, минатата година, трошоците на живот се зголемени за 4,5 проценти, а цените на мало за 2,8 проценти. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1