Општини
Конституиран новиот Совет на Општина Велес
Во Општина Велес денеска се одржа првата конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Велес на која беа верификувани мандатите на 23 новоизбрани советници кои во наредните четири години треба да ги решаваат проблемите на жителите од оваа општина.
Тие денеска дадоа свечена изјава дека советничката функција ќе ја извршуваат совесно и одговорно во интерес на граѓаните.
Инаку, утре треба да се избере новиот претседател на Советот на Општина Велес и 11 Комисии на Советот на Општина Велес.
Советот на Општина Велес го сочинуваат вкупно 23 советници од кои 16 советници се од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, тројца се од СДСМ и коалцијата и тројца од Левица, а една советничка е од Движењето ЗНАМ.
Во Советот на Општина Велес има 14 жени и девет мажи. Денешната седница ја отвори досегашниот претседател Даниел Јаневски, а со неа раководеше како најстар советикот Слободан Ников од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
На седницата присуствуваше и градоначалникот Марко Колев, кој им го честита мандатот и им вети дека ќе присуствува на секоја седница.Тој потенцира тие како советници се важни за донесување на секоја одлука во интерес на работата на Општина Велес. Воедно им најави дека заедно ги очекува многу работа.
ноември 7, 2025

