Connect with us

Економија

Над шеесет компании од Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора

Повеќе од 60 компании од Грција и Северна Македонија се собраа денеска во Стопанската комора на Северна Македонија на Бизнис форум на високо ниво наменет за продлабочување на економската соработка. Настанот, ко-организиран од Грчката амбасада во Скопје и Стопанската комора на Северна Македонија, овозможи повеќе од 200 B2B (бизнис-до-бизнис) средби, информираа од Амбасадата на Грција во Скопје.

Форумот го отворија Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и Софија Филипиду, амбасадорка на Грција.

Амбасадорката Филипиду нагласи дека овој форум претставува извонреден пример за тоа како две соседни земји, кои имаат толку многу заедничко, можат да ги развиваат и продлабочуваат економските врски во корист на двете економии.

Високата посетеност и значајниот број на денешните B2B средби јасно укажуваат на интересот да се премине од дискусија кон конкретни акции, наведуваат од Амбасадата на Грција.

Грчката делегација ја сочинуваа високи претставници од Атинската стопанска и индустриска комора (ACCI), Хеленската федерација на претпријатија (SEV), Асоцијацијата на грчки извозници (SEVE) и „Enterprise Greece“. Грчките компании што учествуваа на форумот претставуваа клучни економски сектори, меѓу кои градежништво и градежни материјали, енергетика, фармацевтски производи, храна и информатичка технологија.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1