Скопје
Заврши асфалтирањето на улицата „ЛПК“ во населбата Серава
Општина Чаир го заврши асфалтирањето на улицата „ЛПК“ (Коста Абрашевиќ) во населбата Серава, со што значително се подобри патната инфраструктура и пристапот за жителите во овој дел од општината, информира прес-службата на Општина Чаир
Во рамки на активностите беа уредени шахтите и подобрен дел од атмосферската мрежа на местата каде што постоеше потреба, со цел обезбедување долготрајна функционалност и подобра дренажа при обилни врнежи.
Улицата сега е уредна, чиста и подготвена за сообраќај, што придонесува за полесно движење и поуреден изглед на населбата.
Градоначалникот на Општина Чаир, при посетата на терен, истакна дека жителите изразиле големо задоволство од реализираните активности и динамиката со која се менува нивната населба:
„Секојдневно чекориме со конкретни проекти кои носат вистински промени. Чаир се менува – маало по маало, градиме модерна и функционална општина за сите наши жители.“
Овој проект е дел од континуираната програма на инфраструктурни инвестиции што Општина Чаир ја реализира во сите населби, со цел подобрување на квалитетот на животот и создавање подобри услови за граѓаните.
ноември 6, 2025

