Connect with us

Скопје

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска-Трајкоска денес изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на објектот на месната заедница во населбата Пинтија.

Како што соопшти локалната самоуправа, станува збор за темелна реконструкција која ќе ги подобри конструктивните и физички својства на постојниот објект, кој подолг период се наоѓа во лоша состојба.

Проектот, според нив, ќе се создаде современ, функционален и безбеден простор за жителите на Пинтија, каде ќе можат да реализираат активности од интерес за локалната заедница.

– Пинтија е населба со долгогодишна традиција и активна заедница на граѓани кои заслужуваат современи и функционални услови за работа и комуникација. Овој објект има посебно значење за локалниот живот и затоа инвестираме во негова темелна реконструкција за да создадеме безбеден, енергетски ефикасен и уреден јавен простор. Ова е само почеток на реализацијата на сериозната програма што им ја понудивме на граѓаните, која ќе обезбеди континуитет во капиталните инвестиции и рамномерен развој на сите населени места во општина Кисела Вода, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, пренесуваат од општината.

Со овој увид, како што дополнуваат оттаму, градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска го означи почетокот на активностите од својата програма за работа, со која се предвидува динамична реализација на започнатите инфраструктурни зафати и иницирање на нови, кои се од суштинско значење за унапредување на животниот стандард во сите делови на општината. 

Средствата за реконструкцијата се обезбедени преку владината програма за капитални проекти, финансирана од унгарскиот кредит.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2