Connect with us

Општини

Реконструирано повеќенаменско спортско игралиште во штипската населба Македонка

Заврши реконструкцијата на спортското игралиште во подрачното училиште на Општинското основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“ во штипската населба Македонка. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека повеќенаменското спортско игралиште ќе овозможи соодветни услови за часовите по физичко воспитување на учениците во ова училиште во населбата Македонка.

-Целта е овие спортски терени да ги користат што повеќе деца, ученици, рекреативци, спортисти, затоа што преку спортот ќе се изградат како здрави личности и ме радува фактот, што во изминатите четири години сите спортски терени се искористени.Претходниот период се постави тартан подлога, спортски реквизити, а игралиштето е целосно осветлено, вели Јорданов.

Тој додава дека од буџетот на  Општина Штип се издвоени околу еден милион денари за реконструкција на ова игралиште, кое ќе им служи на децата од училиштето, но и на дечињата од населбата. Јорданов најави и дека во наредниот период ќе се пристапи и кон реконструкција на тоалетите на училиштето, набавка на смарт табли и слично со цел подобри услови за учениците, но и за наставниот кадар. Во меѓувреме се работи на уредување и подобрување на условите за настава во сите основни и подрачни училишта на територија на Штип. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1