Connect with us

Вести

ВРЕДИ слави во Тетово: Касами победник, Дурмиши најавува уште посилен втор мандат

Бесар Дурмиши, шефот на изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ за Општина Тетово објави дека Биљал Касами победил со 5000 гласови повеќе од Бајрам Реџепи.

Тој оцени дека во најголем број тетовски населби имаат победа затоа што граѓаните ја ценат работата на градоначалникот Касами и му дадоа поддршка за втор мандат.

-Граѓаните го кажаа своето мислење и став преку гласање, каде што во Тетово успеавме со пет илјади гласови повеќе од противкандидатот на Биљал Касами. Сме победиле во населбите, како што е Миѓени, со петстотини гласови повеќе, Центар, во Голема Речица успеавме да го превртиме резултатот со 120 гласови сме победиле. Во Џепчиште и порој со повеќе од 500 гласови сме победиле. Во Фалише со 100 гласови сме победиле, во Мала Речица со 360 гласови, Тетекс 1 и Тетекс 2 со 500 гласови повеќе сме победиле. Исто така сме во селата Вешала, Бродец, Лисец и Лавце сме победиле, рече Дурмиши.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2