Connect with us

Вести

Досега не се забележани некои заболувања што се директно поврзани со насобраниот смет во Скопје

Досега не се забележани некои заболувања што се директно поврзани со насобраниот смет во Скопје, но треба да се внимава посебно во овој период, додека не се расчисти сметот, порача доктор Драган Кочински, епидемиолог, раководител на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје.

-Се препорачува често миење на рацете, посебно кога се оди да се исфрла смет. Ракавиците, сепак стојат како опција кога се исфрла сметот. Дезинфекција на рацете, да се исфрла сметот во простор определен за тоа. Да не се создаваат диви депонии. А со тоа ќе се овозможи и да не се шират тие заболувања. Секако дека тука е и апелот и до властите, тие што се надлежни за тоа, сметот да се собира навремено и да не доаѓаме до вакви ситуации, истакна попладнево во изјава за медиуми, доктор Кочински.

Изминатиот период на улиците во Скопје имаше несобран смет, па, тој одговараше околу тоа, кои се препораките на Институтот за јавно здравје за заштита.

Тој подвлече дека препораките важат за период кога има натрупан смет и кога треба да се внимава на сопственото здравје и на здравјето на другите.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1
Маркетинг